Суровикин до „Вагнер“: Ве повикувам да престанете, послушајте ја волјата на претседателот

surovikin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот генерал Сергеј Суровикин ја повика групата „Вагнер“ да престане и да ја послуша волјата на претседателот, пренесоа руските меидуми.

-Поминавме долг пат, ве повикувам да престанете, да ја почитувате волјата на претседателот, да ги решиме сите проблеми по мирен пат, рече тој.


Генералот Суровикин три месеци беше врховен командант на руските вооружени сили во Украина, но потоа го наследи Валериј Герасимов, пренесе N1.

Евгениј Пригожин, шефот на руската платеничка формација „Вагнер“, вчера ја обвини руската армија за „уништување“ на неговите борци и вети дека ќе му се одмазди на руското воено раководство, по што руската разузнавачка служба ФСБ отвори кривична постапка против него за повикување на вооружен бунт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK