Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски за денешниот руски ракетен напад врз селото Хроза, во кој загинаа 51 лице.
„Зборувавме за овој ужасен напад што штотуку се случи. Тоа само го илустрира руското варварство“, изјави Сунак за новинарите по средбата со Зеленски на самитот во Шпанија.
„Путин може да каже што сака. Има едно лице одговорно за оваа незаконска и неиспровоцирана војна, а тоа е тој. Затоа Британија е цврсто да ја поддржува Украина и ќе продолжи да го прави тоа“, додаде Сунак.