Судот во Виетнам осуди 54 лица во еден од најголемите антикорупциски случаи во земјата

cekan_sud_4564654
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Судот во Виетнам вчера осуди 54 лица на затворски казни, меѓу кои и неколку високи државни функционери и поранешен министер, во еден од најголемите антикорупциски случаи во земјата, пренесе Бета.

По повеќе од две недели судење, судот во Ханој осуди десетици поранешни функционери, вклучително и неколку високи дипломати и поранешен заменик министер за надворешни работи, за прифаќање, нудење или соучесништво во поткуп, измама и злоупотреба на службената положба.



Поранешен министер е осуден на 16 години затвор за примање мито од над 900.000 долари (околу 815.000 евра).

Четворица поранешни високи функционери во министерствата за надворешни работи, за здравство и за јавна безбедност се осудени на доживотни казни, а десет бизнисмени и цивили се осудени на условни казни.

Обвинетите биле вклучени во шема во која дипломати и бизнисмени земале пари од виетнамски граѓани во странство кои сакале да се вратат во земјата со летови за време на пандемијата, кога комерцијалните патувања не биле дозволени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK