Судир на возови во Полска, неколку вагони излетале од шините


voz-vagon-depositphotos_30444917_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два воза се судрија денеска во близина на селото Бјалошливје, во западно-централна Полска, а според првичните информации има повредени лица.


Полскиот портал ТВП Познањ објави дека во несреќата се повредени две лица, а на местото на судирот се испратени 16 противпожарни екипи.

Првичните информации укажуваа дека се судриле патнички и товарен воз. Сепак, снимките што ги објави телевизијата ТВН24 покажуваат дека, најверојатно, станува збор за судир на два патнички воза.

На снимките се гледа дека неколку вагони излетале од шините, додека на социјалните мрежи се објавени фотографии и видеа на патници кои стојат покрај пругата и излетаните вагони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK