Судењето за обидот за атентат врз Трамп е одложено

rajan-rut.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американски судија го одложи судењето на осомничениот за вториот атентат на новоизбраниот претседател Доналд Трамп до септември 2025 година, според одлуката на судот.


Адвокатите на осомничениот Рајан Рут побараа одложување на судењето, кое беше закажано за 10 февруари, повикувајќи се на големиот број докази во случајот.

Судијката од Флорида, Ајлин Канон го одобри одложувањето, но таа рече дека одложувањето до декември 2025 година, што го побара одбраната, е „претерано“. Таа го закажа почетокот на судењето за 8 септември 2025 година.

Рут (58) е обвинет за пет точки од федералното обвинение, вклучително и обид за убиство на претседателскиот кандидат. Тој е обвинет дека се позиционирал, вооружен со пушка, надвор од теренот за голф на имотот на Трамп на Флорида во септември со намера да пука во Трамп за време на претседателската кампања.

Рут се изјасни за невин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK