Судар на возови во Велс: има загинати

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во судир на два воза во Велс, еден човек загина, а други 15 се повредени, соопшти полицијата.



Судирот се случил во понеделникот вечерта, на делот меѓу Шрусбери и Мачинлет, а возовите се движеле со мала брзина, пренесува Гардијан.

Повредените се пренесени во болниците со повреди за кои се верува дека не се опасни по живот, пишува медиумот.

Сите други патници се евакуирани од двата воза.

Причината за несреќата се истражува, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK