Посетителите на плажата Тамариз во Есторил кај Лисабон, биле принудени да ја напуштат водата откако било забележано нешто за кое верувале дека е ајкула.
Спасувачите веднаш го подигнале црвеното знаме, принудувајќи ги капачите да излезат од водата, објави „Португалски вести“.
Многумина мислеле дека е ајкула, но всушност се работело за сабјарка долга околу два метра.
Неколку капачи ја снимиле и ја споделиле снимката на социјалните мрежи.