Обилните дождови ги погодија австриските алпски региони, оставајќи под вода делови од Виена, а невремето предизвика штети во делови од земјата и го прекина патниот и железничкиот сообраќај, соопштија властите и локалните медиуми. Поројниот поток носеше автомобили во ски-центарот Сент Антон во западна Австрија, а рекордни дождови погодија делови од Виена на истокот од земјата, објави ОРФ.
Од силината на поројот во северниот дел на Виена, една жена заврши под автобус и во критична состојба е пренесена во болница, пренесува Б92.
Противпожарните служби примија околу 450 повици во Виена, откако невремето предизвика сообраќаен колапс и го прекина железничкиот сообраќај.
#Vienna pic.twitter.com/tUmq0sqfX7
— SerbInnen gegen Rechts (@serbinnen) August 17, 2024
🔴 Vienna 17.08.2024#storm #wind #rain #flood pic.twitter.com/leKb0593lN
— WORLD.STORM (@worldstormm) August 17, 2024