Столтенберг: Важно е да се намалат тензиите во Косово, остануваме посветени на мандатот на ОН

stoltenberg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Важно е да се намалат тензиите на Косово и тоа е задача и одговорност на двете страни и затоа НАТО продолжува со напорите во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ за намалување на тензиите, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. .

„Се разбира, ние остануваме посветени на мандатот на ОН. Го зголемивме и нашето присуство, единиците на КФОР во Косово, како одраз на зголемените тензии што ги видовме во последните недели. Она што НАТО го прави на Косово е непристрасно, засновано на мандатот на ОН, а нашето присуство таму е да обезбедиме слободно движење на луѓето од сите заедници“, рече Столтенберг.


На заедничката прес-конференција со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, тој ги повика двете страни „добронамерно да се вклучат во дијалог“ и да се воздржат од еднострани дејствија што можат дополнително да ја ескалираат ситуацијата на Косово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK