Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека НАТО ќе направи се што е потребно за да се одржи стабилноста во регионот на Западен Балкан.
Тој додаде дека тоа е важно и за НАТО.
„Имаме историја на присуство таму, а само неодамна го зголемивме нашето присуство во Косово со додавање на 1.000 војници“, рече Столтенберг на прашањето како гледа на мисијата на КФОР во иднина и дали мисли дека НАТО може да преземе поголема улога за подобрување на безбедноста на северот на Косово.