Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Русија планира нова војна и дека ситуацијата на фронтот во Украина е потешка од очекуваното.
„Мораме да разбереме дека ситуацијата на бојното поле е сложена. Русија не планира мир, туку нова војна“, рече Столтенберг на прес-конференција по средбата со летонскиот претседател, Едгарс Ринкевичс во Брисел.
Столтенберг изјави дека Русија се обидела да започне офанзивни операции околу украинските градови како што е Авдијевка и призна дека „факт е дека ситуацијата на бојното поле е посложена“ отколку што очекувала Алијансата.
„Ова не е аргумент против поддршка, тоа е аргумент во корист на поголема поддршка за Украина, бидејќи, повторно, не можеме да дозволиме рускиот претседател Владимир Путин да победи“, рече Столтенберг.