Столенберг: Немаме никакви информации кои укажуваат на намерен руски напад врз Романија

Столенберг-Немаме-никакви-информации-кои-укажуваат-на-намерен-руски-напад.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НАТО нема никакви индикации дека остатоците од беспилотни летала пронајдени на територијата на Романија биле предизвикани од намерен руски напад врз Романија, изјави шефот на Алијансата Јанс Столенберг.


Украина во понеделникот соопшти дека дронови слетале во Романија за време на руски воздушен напад во текот на ноќта врз украинското пристаниште преку реката Дунав. Нападите на локацијата се зголемија од јули кога Москва се откажа од договорот со кој де факто ја укина руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море.

„Немаме никакви информации кои укажуваат на намерен напад од страна на Русија и го чекаме исходот од истрагата што е во тек“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред пратениците на ЕУ.

Романските власти првично ги негираа украинските наводи, но министерот за одбрана Ангел Тилвар вчера рече дека делови од руско беспилотно летало паднале на романска територија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK