„НАТО не откри никакви промени во руските нуклеарни сили и Алијансата не виде причина да ја преиспита соодветната поставеност“, рече шефот на НАТО Јенс Столтенберг на конференција во Норвешка.
„Не видовме никакви промени во нивните нуклеарни сили што не поттикнуваат да ги промениме нашите сили и начинот на кој тие се распоредени. Досега не видовме ништо што го бара тоа од наша страна“, рече Столтенберг.