Стјуардесата која ја преживеа несреќата: „Причината веројатно е судир со птица“

avion-juzna-koreja-EPA-2-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претпоставувам дека причината за несреќата е судир со птица, изјави едната од двајцата спасени членови на екипажот за локалните медиуми, додека потврдениот број на загинати расте и веќе е над 150 лица.


„Од едниот од моторите излегуваше чад, а потоа дојде до експлозија“, изјави Ку, стјуардеса на 20-тите години, за новинската агенција „Јонхап“.

Другиот преживеан, стјуардот Ли (33), изјавил дека не се сеќава на околностите на несреќата.

На преглед кај лекар во болницата, тој наводно прашал: „Како завршив овде?

„Го носев безбедносниот појас пред слетувањето, се чувствував како авионот да ќе слета, но после тоа не се сеќавам на ништо“, додаде.

Според весникот Aju Business Daily, Ли се здобил со фрактура на левото рамо и повреди на главата.

Двајцата преживеани се во болница на лекарска помош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK