Стејт департментот одобри продажба на авиони Ф-35 на Чешка

f35
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на воени авиони Ф-35, муниција и соодветна опрема на Чешка, како дел од договорот вреден 5,62 милијарди долари, објави Пентагон.

Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка на Пентагон вчера го извести Конгресот за можната продажба. Главни добавувачи ќе бидат „Локхид Мартин“ (Lockheed Martin), „Рејтеон“ (Raytheon) и „Боинг“ (Boeing).


Чешката Влада минатата година соопшти дека сака да купи 24 авиони Ф-35 за да ги замени ловците Грипен произведени од шведската компанија „Сааб АБ“ (Saab AB) .

Пакетот одобрен од Стејт департментот содржи и резервен мотор, 70 ракети воздух-воздух АИМ-120-Ц-8, разни бомби, резервни делови и техничка поддршка.

Меѓутоа, одобрението од Стејт департментот не мора да значи дека договорот е потпишан или дека преговорите се завршени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK