Стејт департмент: Членството на Турција во ЕУ е посебно прашање од пристапувањето на Шведска во НАТО

miler
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД не веруваат дека барањето на Турција за членство во ЕУ треба да биде пречка за влез на Шведска во НАТО, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.

Изјавата доаѓа откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара забрзано членство на Турција во ЕУ за подигање на блокадата за пристапувањена Шведска во НАТО.


-Сметаме дека тоа посебно прашање од прашањето за членство на Шведска во НАТО. Дојде време Шведска да влезе во НАТО, ние тоа го подржуваме и државниот секретар Блинкн тоа неколкупати го кажа во текот на разговорите со министерот за надворешни работи на Турција Фидан, изјави портпаролот Метју Милер.

Тој истакна дека на почтокот од процесот Турција изразила загриженост до Шведска под неколку точки и дека официјален Стокхолм одговорил на тоа.

-Шведска презеде чекори да одговори на таа загриженост. Шведска си го смени уставот, усвои нов закон, уапси и врши прогон на осомничени за тероризам и сметаме дека тие акции се доволни да се одговори на загриженоста од страна на Турција. Сметаме дека Шведска треба да пристапи во НАТО за кратко време, но не знаеме кога ќе биде тоа, изјави Милер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK