Стапи на сила воениот договор меѓу Северна Кореја и Русија, предвидува помош „без одлагање“

kim-putin1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Договорот за одбрана меѓу Северна Кореја и Русија, потпишан во јуни, стапи на сила откако двете страни разменија документи за ратификација, објави денеска официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА.


Официјализирањето на договорот доаѓа откако САД и Јужна Кореја го обвинија нуклеарно вооружениот Север дека испратил повеќе од 10.000 војници да и помогнат на Русија во борбата против Украина. Аналитичарите велат дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун сака за возврат да добие напредна технологија и борбено искуство за своите сили од Москва.

Ким и рускиот претседател Владимир Путин потпишаа договор за стратешко партнерство за време на посетата на шефот на Кремљ на Пјонгјанг. Тој ги обврзува двете држави да обезбедат воена помош „без одлагање“ во случај на напад на другата и заеднички да се спротивстават на западните санкции.

Тој стапи на сила синоќа, кога во Москва беа разменети документите за ратификација од страна на замениците министри за надворешни работи Ким Џонг Гу и Андреј Руденко, јави КЦНА. Руските пратеници минатиот месец едногласно гласаа за договорот, а Путин подоцна го потпиша. Пјонгјанг рече дека тоа е ратификувано со указ на Ким.

Минатата недела, за време на посетата на рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов на Пјонгјанг, Ким рече дека неговата влада, армија и народ „секогаш ќе ја поддржуваат политиката на Руската Федерација во одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK