Украинската контраразузнавачка служба (ССУ) објави дека уапсила маж осомничен дека им помагал на руските сили да извршат ракетен напад врз градот Краматорск.
Во нападот беше погодена пицерија, при што загинаа 10 цивили, а повредени се 61 лице. ССУ наведува дека уапсениот живеел во близина на ресторанот.
– Според првичните резултати од истрагата, непријателскиот агент е жител на Краматорск, вработен во локалната компанија за транспорт на гас. Тој снимал згради и автомобили во близина на пицеријата и ја испратил снимката до руското воено разузнавање, се наведуваа во соопштението на ССУ.