Јули годинава бил најтоплиот во медитеранскиот регион во последните 33 години, со просечна температура на морето од 27,7 степени. соопшти конзорциумот „Лама ЦНР“.
Според податоците, 79 отсто од Средоземното Море било зафатено од силен или уште поизразен морски топлотен бран најмалку еден ден. Експертите наведуваат дека во регионот е забележан тренд на затоплување од околу 0,7 степени на секои десет години.
До крајот на август состојбата станала понееднаква, со намалување на нивото на морето меѓу Гибралтар и Балеарските Острови и нови изразени топлотни жаришта во близина на Сицилијанскиот Теснец и Јадранското Море.
„Исправно е да се зборува за значително акумулирање топлина и сè уште значителни аномалии, но не и за рамномерно зовриено Средоземно Море“, се наведува во соопштението.
Затоплувањето не е ограничено само на површината. Првичните анализи за Лигурското Море покажуваат просечна температурна аномалија од околу 1,7 степени во слојот до 70 метри длабочина.
Експертите предупредуваат дека потоплото море може да ослободува повеќе топлина и водена пареа во атмосферата и на тој начин да ги засили бурите. Сепак, високата температура на морето сама по себе не е доволна за нивно создавање, бидејќи се потребни и соодветни атмосферски услови.