Средба меѓу Ердоган и Бајден во Вилнус: Турција и САД почнуваат нова етапа во своите билатерални односи

erdogan_bajden_345354353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Вилнус се сретна со американскиот претседател Џо Бајден и најави почеток на нова етапа во односите на Турција со САД, јавува турската телевизија ТРТ-Хабер.

Ердоган и Бајден разговараа на маргините на самитот на НАТО, кој се одржува во главниот град на Литванија.


-Сакам да ви се заблагодарам и за честитките за мојот реизбор (за претседател). Сметам дека е дојдено време за консултации на ниво на шефови на држави во рамките на стратешкиот механизам. Овие разговори денеска на самитот на НАТО ги гледам како прв чекор кон тоа. Нашите претходни средби беа еден вид подготовка. Сега почнуваме нова етапа, рече Ердоган.

Бајден му се заблагодари и на претседателот Ердоган за дипломатските напори направени во врска со кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, пишува ТРТ-Хабер.

Разговорите меѓу Ердоган и Бајден беа закажани уште пред самитот и се сметаат за многу важна фаза во нормализацијата на односите меѓу двете земји, како во светло на билатералните разлики и контроверзи околу НАТО, вклучително и во однос на обидот на Шведска да се приклучи на Алијансата.

Пред разговорите беше најавено дека меѓу главните теми на разговор меѓу претседателите се очекува да биде продажбата на авиони Ф-16 на Турција, која се уште не е одобрена од Конгресот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK