Среда прогласена за ден на жалост за жртвите од пожарот во хотелот Карталкаја, уапсени четири лица

3-22.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прогласи среда, 22 јануари, за ден на жалост во земјата по пожарот во ски-центарот Карталкаја, во кој загинаа 66 лица.


„Оние кои предизвикаа таква катастрофа, на кој било начин, и оние кои беа немарни и постапија погрешно, ќе одговараат пред законот“, рече Ердоган по состанокот на владата, јавува Anadolu.

Тој додаде дека во првата фаза се приведени четири лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот во кој се случила катастрофата.

Сè уште се чекаат официјални резултати за околностите кои довеле до трагедијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK