Според Маск неизбежна е војна во Велика Британија; Владата ќе ги казнува и оние кои онлајн поттикнуваат насилство

e5401456-527e-488c-8020-9736c86fc62c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секој кој поттикнува насилство на интернет ќе се соочи со целосната сила на законот, предупреди портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер откако Илон Маск рече дека граѓанската војна е неизбежна по немирите во Обединетото Кралство.


Маск, милијардерот и сопственик на „Икс“, го напиша овој коментар на својата социјална мрежа под видеото на кое демонстранти фрлаат огномет кон полицијата.

„Нема никакво оправдување за ваквите коментари. Секој што поттикнува насилство на Интернет ќе се соочи со целосната сила на законот“, изјави портпаролот на британскиот премиер, пренесе „Скај њуз“.

„Онлајн платформите имаат одговорност“, рече тој.

Содаде дека на министрите и началниците на полицијата утринава на итен состанок им рекол дека „законот важи и на Интернет“.

„Значи, ако поттикнувате насилство, не е важно дали е онлајн или офлајн“, рече тој.

„И затоа очекувам, како и за оние кои директно учествуваат на улиците, да има апсења и гонења. Подеднакво, секој за кој ќе се утврди дека извршил кривично дело онлајн може да го очекува истиот одговор“, рече тој.

Портпаролот на премиерот вели дека британската влада работи со социјалните медиуми за да обезбеди отстранување на дезинформациите – но може да се направи повеќе.

Социјалните медиуми се одговорни за отстранување на дезинформациите и ќе одговараат, додаде тој.

Министерот за наука, иновации и технологија Питер Кајл рече дека одговорноста за штетната содржина на социјалните медиуми „главно лежи кај поединците и групите кои ја создаваат“.

„Но, неспорно е дека социјалните медиуми обезбедија платформа за оваа омраза“, додаде тој.

Повеќе од 400 луѓе се уапсени од почетокот на немирите минатиот вторник по апсењето на Аксел Рудакубана (17), кој беше обвинет за убиство на три девојчиња и дополнителни десет обиди за убиства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK