Израелската влада вчера се согласи на договор кој вклучува ослободување на 150 палестински затвореници и повеќедневен прекин на огнот во замена за ослободување на 50 заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа. Тоа примирје стапи на сила утрово.
Според споменатиот договор, Израел ќе обезбеди уште еден ден за прекин на огнот на секои десет дополнителни ослободени заложници.
Израелското Министерство за правда објави список на Палестинци кои потенцијално ќе бидат ослободени. Тоа се претежно жени и тинејџери, пренесува Телеграф.
Новинарите на „Sky news“ имаа пристап до овој документ.
Во него се наведува дека во израелските затвори има околу 300 Палестинци. Од нив, десет проценти или 33 се жени. Повеќето затвореници се 19 годишни или постари.
Меѓу затворениците има и деца, од кои пет се 14, шест се 15, 37 се 16, 76 се 17 години и 146 штотуку наполниле 18 години.
Меѓу најпознатите личности на списокот е Исра Џабис, која е осудена на десет години затвор, откако на контролен пункт експлодирала боцата со плин што ја имала со неа.
Таа се најде во центарот на вниманието откако побара од Израел да плати за нејзината операција за да се опорави од изгорениците што ги доби за време на експлозијата.
Очекувано, властите го одбија нејзиното барање, пренесува медиумот.
Најмлада меѓу жените е Нофозе Хамад (15). Таа беше осудена за обид за убиство поврзано со терористички активности. Таа е осудена на 12 години затвор за откако избоде Еврејка, јавуваат локалните медиуми.
„Децата беа со мојата сопруга кога таа ја нападна. Ние и ветивме дека никогаш повеќе нема да ја видиме. Ветивме дека ќе биде во затвор до крајот на животот“, изјави сопругот чија сопруга ја повреди Нофозе.
Тој додаде дека не знае што ќе се случи ако еден ден неговата сопруга ја отвори вратата „и го види ѓаволот пред себе“.
Иако ниту еден од затворениците кои ќе бидат ослободени не е осуден за убиство, меѓу нив има 117 од нив кои се обвинети за обид за убиство.
Другите затвореници се осудени за поддршка на тероризам, палење, носење експлозиви и каменување на Израелци.
Половина од нив не се поврзани со ниту една терористичка организација, а само 50 од нив се поврзани со Хамас.