Советот за човекови права на Обединетите нации усвои Резолуција за верска омраза предложена од Пакистан и ги осуди неодамнешните напади врз муслиманската света книга Куран.
Нацрт-резолуцијата, која вклучува осуда на нападите насочени кон Куранот и ги опишува како „акти на верска омраза“, беше претставена од Пакистан во име на 57-члената Организација за исламска соработка (ОИЦ).
На резолуцијата се спротивставија САД и Европската Унија, порачувајќи дека таа е во спротивност со нивниот став за човековите права и слободата на изразување.
Резолуцијата е усвоена така што 28 земји гласаа „за“, 12 земји гласаа „против“, а седум земји беа воздржани на 53-та редовна седница на Советот за човекови права на ОН.
Земјите кои гласаа за Резолуцијата се Алжир, Аргентина, Бангладеш, Боливија, Камерун, Кина, Брегот на Слоновата Коска, Куба, Еритреја, Габон, Гамбија, Индија, Казахстан, Киргистан, Малави, Малезија, Малдиви, Мароко, Пакистан, Катар, Сенегал, Сомалија, Јужна Африка, Судан, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Узбекистан и Виетнам.
Против Резолуцијата гласаа Белгија, Костарика, Чешка, Финска, Франција, Германија, Литванија, Луксембург, Црна Гора, Романија, Велика Британија и САД.