Соученици на атентаторот на Трамп сведочат дека бил мета на булинг: често го малтретираа

soucenici-na-atentatorot-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Томас Метју Крук кој се обиде да изврши атентат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, не бил омилен во друштвото, сведочат за локални медиуми во Пенсилванија, негови соученици.

Момче кое одело во истиот клас со атентаторот, кажува дека Крук постојано времето го минувал сам и останатите често го малтретирале. На училиште доаѓал облечен во ловечка облека.

Џејсон Колер, поранешен ученик на истото училиште во кое учел атентаторот, за „Си – ен – ен“ изјави дека Крукс „како да имал мета на грбот“ во средното училиште и не се вклопил во општеството.

“Иако не одев во истиот клас со него, го гледав во ходниците и тој секогаш имаше ист израз на лицето”, вели Колер.

Колер додава дека Крукс бил злоупотребуван бидејќи не се вклопувал во општеството.

“Слушнав дека е паметен човек”, изјави Колер, додавајќи дека обидот за атентат врз Трамп е за него неверојатен.

Американските медиуми денес објавија дека Крукс матурирал во 2022 година и работел во локален старечки дом.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK