Портпаролот на владејачката партија АКП на актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган, Омер Челик, ги отфрли тврдењата на опозицијата дека државната новинска агенција Анадолија манипулира со начинот на известување за броењето на гласачките ливчиња.
– Пребројувањето на гласовите се одвива транспарентно и нема потреба од паника, рече Челик како одговор на забелешките од опозицискиот табор дека се изманипулирани првичните бројки на Анадолија кои укажуваат на предност на Ердоган, пренесе ДПА.
– Киличдароглу турка кон 50 проценти, додека пребројувањето продолжува, рече шефицата на неговата партија ЦХП во Истанбул, Џанан Кафтанџиоглу во телевизиска изјава. Таа не сакаше да сподели точни бројки.