Сопругот на иранската активистка за правата на жените Наргес Мохамади, на која денеска и беше доделена Нобеловата награда за мир, рече дека наградата дополнително ќе ја поттикне нејзината борба и ќе го охрабри движењето што го води.
„Оваа Нобелова награда ќе ја поттикне нејзината борба за човекови права, но уште поважно, таа всушност е награда за женското движење, нивниот живот и слобода“, изјави за Ројтерс сопругот на нобеловката, Таги Рамахи, кој живее во Париз.
Наргес Мохамади ја доби наградата, како што се наведува во образложението, за нејзината борба против репресијата на жените во Иран и нејзината борба за промовирање на човековите права и слобода за сите.
Мохамади е еднa од водечките активисти за човекови права во Иран, којa се бори за правата на жените и за укинување на затворските казни. Тaa во моментов издржува затворска казна во Техеран. Била затворена 13 пати, а пет пати осудена. Таа е осудена на вкупно 31 година затвор.