Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој во петокот почина во затвор во Сибир, утре ќе присуствува на седницата на Советот за надворешни работи на Европската Унија, соопшти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
„Во понеделник ќе ја пречекам Јулија Навални на Советот за надворешни работи на ЕУ“, напиша Борел во објава на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека на состанокот министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе испратат „силна порака за поддршка на борците за слобода во Русија и ќе му оддадат почит на Алексеј Навални“.
Јулија Навални непланирано се појави во петокот, по веста за смртта на нејзиниот сопруг, на безбедносната конференција во Минхен, каде истакна дека не треба да и се верува на руската влада и ја повика меѓународната заедница да се вклучи во борбата против рускиот режим.
Навални почина во петокот на 48-годишна возраст, во руски затвор каде отслужи 30-годишна затворска казна.