Сондата на НАСА сè уште работи по најблиското приближување до Сонцето

sonda-NASA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НАСА денеска објави дека нејзината соларна сонда Паркер е безбедна и работи нормално, откако успешно го заврши најблиското приближување до Сонцето во историјата од вештачки објект.


Леталото помина на само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето на 24 декември, летајќи низ надворешната атмосфера на Сонцето, наречена корона, во мисија што треба да им помогне на научниците да дознаат повеќе за ѕвездата најблиску до Земјата.

НАСА соопшти дека оперативниот тим во лабораторијата за применета физика Џон Хопкинс во Мериленд добил сигнал од сондата непосредно пред полноќ во четвртокот.

Се очекува леталото да испрати детални телеметриски податоци за неговиот статус на 1 јануари, додаде НАСА.

Патувајќи со брзина до 692.000 километри на час, леталото издржа температури до 982 степени Целзиусови, се наведува на веб-страницата на НАСА.

„Оваа студија одблиску на Сонцето и овозможува на Соларната сонда Паркер да направи мерења кои им помагаат на научниците подобро да разберат како материјалот во овој регион се загрева на милиони степени, потеклото на сончевиот ветер и како енергетските честички се забрзуваат до брзини блиску до брзината на светлината“, додава агенцијата.

Соларната сонда Паркер беше лансирана во 2018 година и постепено влегува во сè поблиски орбити околу Сонцето, користејќи ја гравитацијата на Венера за време на нејзиното прелетување на таа планета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK