Сојузниците на Трамп по дебатата: Невиден срам, беше три против еден

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сојузниците на Трамп изразија незадоволство од однесувањето на модераторот во телевизиското соочување меѓу кандидатите за претседател на САД.



Вивек Рамасвами, кој беше кандидат на републиканските прелиминарни избори пред да се повлече и да го поддржи Трамп, рече дека „модераторите ја уништија оваа дебата“.

Тој се пожали дека модераторите не ги оспориле доволно информациите презентирани од Камала Харис.

„Ова беше срамота и мислам дека ова е без преседан“, истакна тој.

Слично мислење имаше и републиканскиот сенатор Том Котон, кој рече дека се работи за дебата „три на еден“. Тој ги обвини модераторите за договарање со Харис против Трамп.

„Таа не планира ништо да прави. Одби да заземе став дали абортусот треба да се регулира во седмиот, осмиот и деветиот месец. Тоа е затоа што има радикална левичарска позиција“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK