Соборивме дрон во близина на Москва, соопшти градоначалникот Собјанин

moskva-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската воздушна одбрана уништи беспилотно летало кое се движело кон Москва, соопшти утринава градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин. Дронот е уништен во близина на Љуберци, југоисточно од Москва, додаде тој.


„Според првичните информации нема жртви или материјална штета. Екипите на итната помош се на местото на настанот“, изјави Собјанин.

Претходно привремено беа затворени два московски аеродроми, Дудедово и Внуково, објави новинската агенција Тасс, повикувајќи се на соопштенија од авијацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK