Собјанин: Спречени нови напади со дронови врз Москва

sobjanin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската противвоздушна одбрана во раните утрински часови собори неколку беспилотни летала над главниот град, изјави утринава градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пренесе ДПА.

-Едно беспилотно летало ја оштети фасадата на една висококатница, изјави Собјанин на својот канал Телеграм.


Засега нема информации за жртви.

ДПА ја пренесува руската агенција Тасс која објави дека едно беспилотно летало удрило во високата зграда на градската управа.

Московскиот аеродром „Внуково“, во југозападниот дел на руската престолнина, е привремено затворен за полетувања и слетувања, јави Тасс. Летовите од него се пренасочуваа на други аеродроми.

Москва веќе беше цел на неколку напади со беспилотни летала, кои дојдоа додека Русија ја продолжува својата инвазија на соседна Украина, започната во февруари 2022 година.

Москва, исто така, постојано го гаѓа Киев со беспилотни летала, проектили и крстосувачки ракети, предизвикувајќи смрт и огромни штети во главниот град на Украина како и во другите градови, потсетува ДПА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK