Снежното невреме ги погоди Бугарија, Романија и Молдавија: загинаа три лица, стотици населени места без струја

Снежното-невреме-ги-погоди-Бугарија-Романија-и-Молдавија-загинаа-три.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица загинаа во Бугарија, а едно во Молдавија, како последица на снежното невреме што ги зафати Бугарија, Молдавија и Романија, јавуваат медиумите.


Бугарија денеска прогласи вонредна состојба во поголемиот дел од земјата, а силниот снег и снежната бура доведоа до прекин на електричната енергија во некои делови, главно на североистокот на Бугарија. Станува збор за 1.000 домаќинства, рече премиерот Николај Денков.

Две лица загинаа во сообраќајни несреќи поради обилните снежни врнежи и силниот ветер, а затворени се и некои патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK