Службата за климатски промени на ЕУ го регистрира најтоплиот јуни досега

klimatski-promeni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Јуни 2023 година беше најтоплиот јуни досега од почетокот на глобалното водење евиденција, соопшти денеска Службата за климатски промени на ЕУ, Коперник.

На глобално ниво, јуни беше за 0,53 степени Целзиусови потопол од просекот забележан помеѓу 1991 и 2020 година – што беше далеку над претходниот рекорд поставен во јуни 2019 година, соопшти агенцијата за мониторинг на климата на ЕУ.


Површините на морето, исто така, имаа рекордни температури во јуни, според извештајот на Коперник.

Исклучително високи температурни аномалии беа измерени во Северниот Атлантски Океан, се вели во извештајот.

Американската Национална администрација за океани и атмосфера (НОАА), исто така, измери рекордни температури во Северниот Атлантик пред околу три недели.

Коперник сè уште ги истражува причините за промените, меѓутоа, агенцијата за клима соопшти дека има неколку можни фактори, вклучувајќи ги климатските промени, релативно ниската концентрација на честички во воздухот и одредени циркулации во атмосферата и океанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK