Словенија го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН

Screenshot-2024-09-01-083930.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словенија го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН во месец септември, во кој повеќето светски лидери ќе се соберат во Њујорк на дебата на Генералното собрание.


Како што јави агенцијата СТА, Словенија официјално ќе ја преземе таа улога во вторник, бидејќи утре во САД се одбележува Денот на трудот.

Словенија ќе ја претстави програмата за работа пред претставниците на останатите 14 членки на Советот за безбедност, а специјалниот претставник на Словенија во Советот, Самуел Жбогар, веќе се преселил во кабинетот на претседателот на ова тело, јави СТА, пренесува Танјуг.

Главниот настан за време на едномесечното претседавање на Словенија ќе биде дебатата на високо ниво насловена Лидерство за мир, која ќе се одржи на 25 септември на почетокот на сесијата на Генералното собрание.

Дебатата ќе ја води словенечкиот премиер Роберт Голоб, а тема ќе биде важноста на Советот за безбедност во се поделениот свет.

Голоб изјави дека Словенија го презема претседателството во време на предизвик, кога се чини дека Советот за безбедност „со се помал успех ги решава конфликтите, а неговата улога е ограничена, иако сè уште неопходна“.

Словенечкиот премиер изјави дека очекува искрена размена на мислења за улогата на тоа тело.

„Поради принципиелните позиции Словенија е видлива, почитувана и добро позната членка на Советот за безбедност. Нејзиниот глас не само што се слуша, туку и често одекнува“, изјави шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон.

Таа вети дека земјата ќе продолжи да дејствува на „кохезивен и обединувачки начин за зајакнување на постојаните вредности на ОН“, како и дека „ќе работи на поконзистентна имплементација на Повелбата и резолуциите на Советот за безбедност“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK