Нов скандал изби во средно училиште во САД.
Советничка во средно училиште во Пенсилванија со месеци имала врска со 14-годишен ученик од тоа училиште, пишуваат американските медиуми. Сè започнало есента во 2022 година кога Кели Ен Шут (35) седела до жртвата во автобусот додека се враќале од училишна екскурзија. После тоа почнала да го се вика во канцеларија речиси секој ден, често и за време на часовите.
Тие почнале да се допишуваат преку дигиталната платформа на училиштето, а набрзо се префрлиле и на Snapchat. Според полицијата, момчето изјавило дека неколку пати имале секс во неговата куќа додека немало никој дома, во нејзиниот автомобил и во нејзината куќа. Токму така бил откриен и скандалот, додека тие разменувале бакнежи во нејзината куќа.
Тоа го забележал член на нејзиното домаќинство кој влетал во собата и го избркал тинејџерот. Тој истрчал на улица и се сокрил зад паркиран автомобил, каде ги чекал родителите да дојдат да го земат. Потоа им признал се, а тие отишле во полиција. Следниот ден полицијата тропнала на вратата на Кели Ен Шут и ја привела.
На мобилниот телефон се пронајдени фотографии и докази дека биле во врска, тврдат обвинителите. Судијата одреди кауција од 25.000 долари, а Кели ќе биде обвинета за повеќекратни точки за сексуален напад врз лице помладо од 16 години и се соочува со неколку години затвор. Штом било откриено дека е во притвор, училиштето ја суспендирало до завршување на постапката.
– Нема да го коментираме случајот пред конечната пресуда, но нагласуваме дека ставот на училиштето е дека несоодветниот контакт меѓу училишните службеници и учениците е нешто што не може да се толерира“, велат од училиштето.