Украинската служба за безбедност СБУ денеска ја обвини Русија дека подготвува напад под „лажно знаме“ врз нафтената рафинерија „Мазир“ во Белорусија со цел да ги обвини украинските диверзанти и да се обиде да ја вовлече Белорусија во војната во Украина, пишува Скај Њуз.
СБУ наведува дека оваа информација ја добила од повеќе извори, меѓу кои и заробен руски војник, и дека нападот го подготвува диверзантско-разузнавачка група составена од руски вооружени сили и членови на групата „Вагнер“.