Стејт департментот ги повика американските граѓани во Либан веднаш да ја напуштат земјата, додека се уште се достапни комерцијални летови, поради непредвидливата безбедносна ситуација,
Предупредуваат дека летовите за евакуација со помош на американската војска веројатно нема да бидат можни.
„Треба да имате план за акција за кризни ситуации што не се потпира на помошта на американската влада. Најдобро време за напуштање на земјата е пред криза, ако воопшто е можно”, се вели во соопштението.
Ретко се случува евакуација на државјани на странски земји со помош на американската војска. Нема гаранција дека американската влада ќе ги евакуира граѓаните на САД и членовите на нивните семејства во кризна ситуација. Во случај да дојде до евакуација со помош на американската војска, нашиот фокус ќе биде да им помогнеме на граѓаните на САД”, кажа Стејт департментот.
Во соопштението пишува дека американската влада генерално не може да обезбеди превоз во земјата за време на криза.
„Нема да можете да носите домашни миленици со себе при каква било евакуација спроведена од страна на американската војска од Либан. Ќе мора да потпишете дека ќе и ги надоместите на американската влада трошоците направени во случај на асистирана евакуација“, се вели во дописот.