Сириски извори за „Ројтерс“: Големи се шансите Асад да загинал во авионска несреќа

mapa-avion.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Авион на „Сириан ер“ полета од аеродромот во Дамаск во моментот кога објавија дека главниот град е заземен од бунтовниците, според „Флајтрадар“.


Авионот прво полетал кон крајбрежниот регион на Сирија, но потоа направил остар пресврт и полетал во спротивна насока неколку минути пред да исчезне од картата.

Ројтерс не може да утврди кој бил во авионот. Два сириски извори рекоа дека постои многу голема можност Асад да загинал во авионска несреќа бидејќи е мистерија зошто авионот ненадејно свртел и исчезнал од мапата според податоците на веб-страницата Флајтрадар.

Официјален претставник на Обединетите Арапски Емирати денеска изјави дека не знаат дали сирискиот претседател Башар ал Асад побегнал во нивната земја.

Запрашан дали Асад сега е во ОАЕ, дипломатскиот советник на претседателот Анвар Гаргаш им рече на новинарите: „Не знам“.

Тој истакна дека Асад претходно не ја користел „сламката на спасот“ што му ја понудиле различни арапски земји, вклучително и ОАЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK