Сирија: Осум војници загинаа во израелски напад врз нас

Сирија-Осум-војници-загинаа-во-израелски-напад-врз-нас.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осум војници загинаа, а седум се ранети во израелски напад врз воени позиции во југозападна Сирија, јави сириската државна новинска агенција САНА. Цитирајќи воен извор, САНА објави дека израелската „воздушна агресија“ била насочена кон бројни воени позиции во близина на југозападниот град Дера. Од ударот е причинета и материјална штета, информираат оттаму.


Нападот се случил синоќа, јави САНА. Израелската војска претходно соопшти дека нејзините авиони ја гаѓале сириската воена инфраструктура како одговор на ракетите истрелани од Сирија кон Израел.

Војската соопшти дека вчера вечерта идентификувала две ракетни лансирања од Сирија и одговорила со артилериски оган кон изворите на лансирањето. Исто така, се наведува дека нејзините воени авиони „погодиле воена инфраструктура и минофрлачи на сириската армија“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK