Силно невреме ја погоди Калифорнија, има мртви: луѓето беа спасувани од Тихиот океан, куќи паднаа во вода

Screenshot-2024-12-24-082134.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице загина, а друго се води како исчезнато во силната бура, придружена со поплави и големи бранови, што во понеделникот го погоди централниот брег на Калифорнија, соопштија властите.


Градоначалникот на Санта Круз изјави дека пристаништето во тој град се урнало поради невремето, а три лица кои паднале во Тихиот Океан се спасени, пренесе АП.

Метеоролозите прогнозираат ветрови со ураганска сила и бранови високи до 18 метри од Калифорнија до северозападниот дел на Пацификот.

Во некои градови во Калифорнија, во понеделник беше наредена евакуација на домови и хотели на брегот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK