Два земјотреси го погодија западен Непал, а едно лице е повредено, јавува Роџерс.
Првиот земјотрес бил со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а вториот со јачина од 5,6 степени, соопшти Министерството за внатрешни работи на Непал.
Оштетени се згради, а активиран е и одрон кој го блокира главниот автопат, наведува агенцијата.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а тресењето на земјата било почувствувано и во делови на Индија, вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи.