Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија во областа Вранча, соопшти романскиот национален институт.
Земјотресoт со умерен интензитет се случи во 11:53 часот на 64 километри источно од Брашов со епицентар на длабочина од 110 километри.
Засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви во земјотресот.