Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди пограничниот регион на Чиле и Боливија, соопшти германскиот центар за геонауки (ГФЗ).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 104 километри, соопшти ГФЗ.
Засега нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета.