Силен земјотрес ги погоди Филипините

Screenshot-2024-08-03-082811.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди источниот брег на островот Минданао на Филипините, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).


Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, соопшти ГФЗ.

Американскиот национален центар за предупредување од цунами наведува дека нема опасност од цунами.

Филипинската сеизмолошка агенција PHIVOLCS објави дека не очекува штета од земјотресот на брегот, но предупреди на последователни потреси.

Филипините се наоѓаат во Пацифичкиот „Огнен прстен“, каде вулканската активност и земјотресите се вообичаени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK