Си ја отвори конференцијата „Појас и пат“, некои ја напуштија салата за време на говорот на Путин

Си-ја-отвори-конференцијата-„Појас-и-пат-некои-ја-напуштија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Големиот кинескиот инфраструктурен проект познат како „Појас и пат“ се движи во „добра насока“ и покрај меѓународните тензии и конфликти, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг. Проектот е во „добра насока напред“, рече Си во Пекинг при отворањето на третата конференција „Појас и пат“.


Тој додаде дека земјите во развој имаат корист од проектот започнат пред десет години.

„Во светот се случуваат историски промени“, посочи тој.

Меѓу лидерите на повеќе од 140 земји е и рускиот претседател Владимир Путин, кој таму пристигна вчера. Си денеска ги критикуваше САД и европските земји кои не учествуваат во проектот, но воведоа санкции кон Кина или ги истражуваат кинеските производи.

Кина нема да учествува во идеолошки конфликти, геополитички игри и конфликти преку политиките на блокот, рече тој. Путин, кој зборуваше по Си, го пофали „Појас и пат“, велејќи дека учеството на Русија придонесе за изнаоѓање заеднички решенија за клучните регионални прашања.

Претставниците на некои западни земји ја напуштија салата додека зборуваше Путин. Преку „Појас и пат“, познат и како новиот „Пат на свилата“, Кина инвестираше милијарди долари во инфраструктура и заеми во бројни земји во глобалната Јужна и Централна Азија, како и делови од Европа. Проектите често се финансираат со евтини заеми од кинески банки, па критичарите предупредуваат дека некои земји стануваат премногу зависни од Пекинг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK