Си-Ен-Ен: Руска ракета експлодира на 500 метри од конвојот на Зеленски и Мицотакис

фф.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руски проектил експлодирал на само 500 метри од конвојот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на смртоносниот руски напад врз црноморскиот град Одеса, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.


Тој извор наведува дека во конвојот во кој се наоѓале двајцата лидери се почувствувала експлозија и дека се забележува облак од чад.

Пет лица загинаа, а неколку луѓе беа ранети во руското гранатирање на Одеса во средата, но ниту Зеленски ниту Мицотакис не беа повредени, соопшти украинската војска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK