– Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска изјави дека е „многу загрижен“ поради палењето на Куранот во скандинавската земја.
За следната недела се најавени низа протести кои би можеле да доведат до палење на Куранот, изјави политичарот на Умерената партија на прес-конференција во Стокхолм, пренесе ДПА.
Кристерсон рече дека сега е на полицијата да одлучи дали ќе се дозволи протестите да продолжат.
– Доколку тие бидат одобрени, имаме неколку денови со очигледен ризик дека може да се случат сериозни работи, рече Кристерсон без да наведе што мисли конкретно.
Владата ќе задолжи 15 агенции да ја зајакнат заштитата од тероризам, најави тој.
Исламофобичните акции на мали групи во Шведска и Данска, во кои беа запалени копии од Куранот, неодамна предизвикаа лути протести и закани во неколку муслимански земји.
Особено бурни беа реакциите во Ирак, чија влада го протера шведскиот амбасадор.