Шведската полиција даде дозвола денеска да се организираат мали демонстрации пред џамијата во Стокхолм, на кои, според организаторите, ќе биде искинат и запален Куранот, што може дополнително да го искомплицира обидот на Шведска за членство во НАТО.
Серијата протести во Шведска против исламот и за правата на Курдите ги зголемија тензиите со Турција, чија поддршка и е потребна на Шведска за да се приклучи на Северноатлантската алијанса.
Додека шведската полиција отфрли неколку неодамнешни извештаи за демонстрации против Куранот, шведските судови ги поништија тие одлуки, тврдејќи дека тие ја нарушуваат заштитената слобода на говор.