Шведска тврди дека е цел на дезинформации

Svedska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведскиот министер за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин изјави дека неговата земја е цел на кампања на дезинформации од страна на „актери поддржани од Русија“, чија цел е да го наруши имиџот на земјата-кандидат за членство во НАТО.

– Шведска е цел на кампања за дезинформации поддржана од други земји со цел да им наштети на интересите на Шведска и шведските граѓани. Гледаме како актерите поддржани од Русија го зголемуваат ширењето на лажни тврдења, како на пример дека шведската држава стои зад сквернавењето на светите списи. Ова, се разбира, е целосно неточно, наведе Болин.


Тој додаде дека таквите поединци, дејствувајќи во име на една држава, се обиделе „да создадат поделба и да ја ослабат меѓународната позиција на Шведска“.

Засега Амбасадата на Русија во Стокхолм не ги коментираше изјавите на Болин.

И шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека државата не издава дозволи за палење на копии од Куранот.

– Државата Шведска не издава дозволи за палење копии од Коранот. Меѓутоа, полицијата издава дозволи за јавни собири, право што е запишано во шведскиот Устав. Во Шведска не постои практика да се палат книги само затоа што законот го дозволува тоа. Државата ни ја гарантира слободата на изразување, но во исто време не стои зад никакви политички пораки, напиша Кристерсон на Фејсбук.

Портпаролот на Шведската агенција за психолошка одбрана (создадена за да ја заштити земјата од дезинформации), Микаел Јостлунд посочи дека Русија го користи палењето на Куранот како можност да ја промовира својата агенда во медиумите.

– Очигледната амбиција на Русија е да го усложни нашиот прием во НАТО, истакна Јостлунд.

Копии од Куранот беа запалени на неколку демонстрации во Шведска и Данска ова лето, што предизвика бран на протести кај муслиманите. Демонстрантите упаднаа и ја оштетија Амбасадата на Шведска во Багдад.

Турција, која става вето на членството на Шведска во НАТО, ги осуди протестите и го повика Стокхолм да преземе мерки против оние кои го скрнават Куранот.

Шведската служба за безбедност предупреди дека безбедносната ситуација во земјата се влошила како резултат на неодамнешната полемика за слободата на говорот.

– Имиџот на Шведска е променет. Претходно сликата за нас беше толерантна земја, но сега е антиисламска држава. Така се гледаат на нас, главно во муслиманскиот дел од светот, изјави претставничката на Службата за безбедност, Сусана Трехорнинг.

Но, нивото на безбедносната закана не е променето и засега останува на ниво три на скалата од пет точки, што значи зголемен ризик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK